Разбојници однеле 84.000 денари од бензиска во Велес.
Двајца маскирани разбојници со фантомки на лицата извршиле разбојништво во раните утрински часови на бензиска пумпа на „Макпетрол“ во Велес, соопшти утринава Министерството за внатрешни работи.
Според полицијата околу 4.20 часот разбојниците влегле на бензинската на улица Наум Наумовски Борче и со закана со нож од вработената украле 84.000 денари.
Откако ги зеле парите избегале во непознат правец. Полицијата работи на нивно пронаоѓање.