Разговори за мигрантската криза меѓу полициите на Македонија, Австрија, Хрватска, Словенија и Србија. Претставници на споменатите министерства за внатрешни работи денеска во Скопје ќе разговараат за актуелните состојби околу мигрантската криза.
Состанокот го организира Бирото за јавна безбедност при МВР, а на него ќе учествуваат директорот на БЈБ Горанчо Савовски, државниот секретар во МВР Анастасија Илиеска како и директорите на полициите од овие држави.