![bajden putin](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2021/01/bajden-putin.jpg?resize=678%2C381&ssl=1)
Сѐ уште не е договорен точниот датум за претстојните разговори меѓу рускиот и американскиот претседател кои ќе се одржат во формат на водео-конференција и продолжуваат договарањата на поединостите, изјави во петокот портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
„Сѐ уште не е договорен точниот датум, се уште се работи. Станува збор за видео-конференција.“, изјави Песков за новинарите акредитирани во Кремљ и додаде дека уште не е договорено и можното учество на делегации на двете земји во разговорите.
Според него „допрва сиве овие нијанси треба да бидат потврдени“. Песков појасни дека двете страни имаат различни предлози за датумот, меѓу кои и е веќе претходно споменатиот 7-ми декември, но додаде дека „тие сѐ уште се синхронизираат“.
Со таквиот одговор, всушност, портпаролот на Кремљ одби да прецизида кога треба да се очекуваат контактите меѓу двајцата челници, истакнувајќи дека тоа може да се случи „во секој момент“.
Претходно заменикот на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Рјабков изјави дека Москва се надева дела разговорот меѓу двајцата претседатела ќе се одржи наредните денови.
Прашањето за директни разговори меѓу Путин и Бајден доаѓа во периодот на растечките продолжени тензии меѓу Русија и Западот, во врска со разместувањето руски трупи по должината на границата со Украина и обвинувањата дека Москва наводно планира инвезија.