Разговорите за СЈО заглавени, средбите ставени на пауза

Разговорите меѓу работните групи на власта и опозицијата за законот за јавно обвинителство со којшто треба да се регулира идното функционирање на Специјалното јавно обвинителство по четири неуспешни средби се ставени на пауза.

Средбите меѓу претставниците на ВМРО ДПМНЕ со министерката за правда, а во кои учествуваа и од ДУИ, резултираат со многу мал напредок околу спорните прашања во однос на амандманите кои се однесуваат на СЈО. Поради ова, но и поради, предизборната кампања, средби во ваков формат набрзо нема да се организираат.

Лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицковски вели преговорите завршија оставајќи ги работните групи на почетниците позиции. Според Мицкоски причина за ова е што власта не сака да се договори, туку сака да го продолжи политичкиот прогон и селективната правда.

„Во рамките на работните групи немаме напредок, туку напротив имаме класична манифестација на неменаџерски капацитети од страна на министерката за правда, Дескоска. Таа сé уште се служи со оние празни фоскули, или празни наративи од времето кога СДСМ беше во опозиција. Но, денеска таа е министер во едно министерството и  покрај тоа што е професор на Правниот факултет треба да има и менаџерски капацитети“, вели Мицкоски.

Во редовите на опозицијата владее мала доза на оптимизам дека е можен договор за законот за јавно обвинителство, но сепак ќе се даде шанса за разговорите.