Разидување на граѓаните и политичарите на Конференцијата за иднината на Европа

Граѓаните сметаат дека не се доволно вклучени во одлучувањата во Европската унија, изјавија учесниците на саботната Конференција за иднината на Европа во Стразбур.

„Сакаме правила и некој вид правно дејствување доколку конференцијата не ги прифати предлогот на граѓаните, односно сакаме правна заштита на ниво на Европската унија“, рече претставникот на граѓаните Хорхе Луис Пазос Лопез.

На Конференцијата за иднината на Европа, граѓаните првпат имаат можност да учествуваат во работата на Европскиот парламент.

„Политичарите би требало да бидат поблиски на граѓаните, повеќе да ги разбираат и граѓаните мора да знаат на кој начин политичарите ги застапуваат“, изјави портпаролот на друга работна група на граѓаните Матоуш Белохлавек.

Предлозите на граѓаните не се доволно конкретни, и поради тоа е тешко да се обезбеди нивната ефикасност, смета, пак, европскиот пратеник на зелените, Даниел Фреунд. „Предлозите се преапстрактни“, тврди.

„Граѓаните овде изнесоа амбициозен список предлози, но јас сметам дека мора да бидат уште поконкретни“, му се придружи претставникот на грчкиот парламент Димитриос Каиридис.

Претставникот на Европската народна партија (EPP), Олгиерд Геблевиц, првиот човек на Западнопомераниското војводство, им порача на граѓаните повеќе внимание да обратат на регионалните и на локалните политичари, бидејќи тие го „овозможуваат функционирањето на Европа“.

„Европската демократија не започнува и не завршува во Стразбур. Ние, регионалните и локалните политичари, дефакто сме европски политичари кои овозможуваат Европа да функционира на теренот“, изјави Геблевиц.

„Нашата група за европска демократија се занимаваше со информирање на граѓаните. Кога дискутираме заедно, граѓаните и политичарите, всушност дискутираме токму за политичарите, и се надеваме дека поради оваа расправа ќе дојде до заедничко разбирање за сите компонентни“, рече Белохлавек.

Додаде дека граѓаните кои учествуваат во панелот не се задоволни, бидејќи некои нивни идеи се сосема изгубени.

„Не отфрламе ниту еден предлог. Нашата демократија и вредноста мора постојано да се негуваат“, одговорир хрватската потпретедателка на Еропската комисија, Дубравка Шуица.

Неопходно е да се промени еропската перцепција дека младите немаа доволно искуство, беше речено.

„Треба да се вклучат сите возрасни групи во политиката за да може да ја разберат. Доколку сакаат активно да се занимаваат со политиката, мора да знаат кој ги носи одлуките и за кого треба да гласаат“, рече Белохлавек.