Разрешен суидјата Лазар Нанев, 97 пати се јавувал на обвинет

Судскиот совет денеска на затворена седница за јавноста го разрешил судијата од кавадречкиот суд Лазар Нанев, за 97-те јавувања во неколку дена на странка (обвинет), во предмет што го судел лично тој, дознава НетПрес. Уште лани Вишиот јавен обвинител на Скопје Мустафа Хајрулахи го пријавил Нанев во Судскиот совет, обезбедувајќи доказ-листинг од јавувањата по телефон од страна на судијата Нанев.

За притисоци и недолично однесување него го пријавила и обвинителка од Кавадарци.

Додека трае жалбената постапка, во мирување се другите две претставки за разрешување на Нанев, бидејќи судија не може повеќе од еднаш да се разрешува. Едната е од претседателката на Судскиот совет Весна Дамева, против која тој усно и на писмено изнел многу навреди, а другата е од адвокатка од Кавадарци која наводно Нанев вулгарно ја навредувал и ѝ се заканил пред семејството.

Претставката од адвокатката се води на затворени седници.