Реакција на Арсовска: Незнаењето и ароганцијата на Шилегов не му дозволуваат да погледне пошироко од својата политичка матриц

Незнаењето и ароганцијата на Петре Шилегов не му дозволуваат да погледне пошироко од својата политичка матрица, со добро менаџирање на средствата се возможни брзи и ефикасни решенија. Проектите кои се дел од мојата програма нудат брзи, сигурни, професионални решенија за проблемите со кое се соочуваат сите мои скопјани, и тоа ни е потребно веднаш, не за 10 или 20 години, рагираше во средата кандидатката за градоначалник на Скопје, Данела Арсовска на забелешките за нејзината програма од страна на актуелниот прв човек на македонската престолнина од редовите на владејачката СДСМ.

„Незнаењето, мрзливоста и ароганцијата не му дозволуваат на Петре Шилегов да погледне пошироко од својата политичка матрица и политичка кариера. Четири години имавме градоначалник од кој не видовме ниту еден реализиран проект, освен обиди за нешто во последните неколку месеци. Изгубени во сопствената мрзливост, незнаење и фалбаџиство. Шилегов ветуваше нова гимназија, едно јаболко на секој средношколец, но нема ниту гимназија а уште помалку средношколците добија јаболко. Шилегов вети гасификација, нема реализација. Јавното сообраќајно претпријатие континуирано работи со загуби, и тоа дури 139 милиони. И истиот тој Шилегов ме обвинува мене дека ЈСП ќе биде во загуба. Мојот проект не е утопија, тоа е реалност. Вакви проекти има низ многу градови во Франција, Естонија, Луксембург. Скопјани заслужуваат модерен, брз и сигурен град“, вели Арсовска.

Како повеќегодишна челничка на стопански комори, Арсовска посочува дека со добро менаџирање на средствата ќе имаме ефикасни решенија.

„На Скопје му треба менаџер, а не политичар. На Скопје му требаат брзи и сигурни решенија. На Скопје му треба некој кој секојдневно се соочува со пробелмите и кој заедно со скопјани ќе најде решение за истите да ги реши. Доста ни е од лажни ветувања. И јас и скопјани сакаме да ги промениме работите и не смееме да се откажеме. Само со силна борба ќе создадеме надеж дека ќе се придвижиме кон подобро“, повтори Арсовска