Реакција од АД ЕСМ на тврдења во емисијата „Код“

АД Електрани на Северна Македонија денеска со соопштение реагираше на изнесени тврдења во емисијата КОД, емитувана вчера на ТВ Телма, за работата на АД ЕСМ и начините на кои компанијата се справува со енергетската криза.

АД ЕСМ во соопштението тврди дека во емисијата се изнесени повеќе невистни:

1. Електричната енергија што во ноќните часови од денот се јавува како вишок во електроенергетскиот систем на Република Северна Македонија, а е произведена во капацитетите на АД ЕСМ, ја продава фирмата ЕСМ Продажба ДООЕЛ Скопје, а не Акционерско друштво за производство на електрична енергија ЕЛЕКТРАНИ НА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА, во државна сопственост, Скопје.

2. Намерно или ненемерно, во производот на репортерот Ирена Чачкова, не се споменува дека се работи за НОЌНИ вишоци на електрична енергија, произведени во термоцентралите на АД ЕСМ во периодот од 2 часот по полноќ до 8 часот наутро. Последна продажба на вакви вишоци на електрична енергија, ЕСМ Продажба имаше во периодот 12.01-17.01.2023 година, кога секој ден во приодот од 2 часот по полноќ до 8 часот наутро беа продавани по 330 MWh електрична енергија. Тоа претставува помалку од 2 % од вкупно произведеното дневно количество на електрична енергија во АД ЕСМ во споменатиот период.

3. НОЌНИТЕ вишоци на електрична енергија се појавуваат заради задржување на стабилноста на термоелектраните кои не можат да работат под определен техничко-технолошки минимум на режим на работа.

4. Потенцираме дека на аукциите на ЕСМ Продажба продажба на ноќни вишоци енергија од 02 – 08 часот, може да се пријави секој субјект кој е на слободниот пазар: трговци, стопански субјекти, државни институции итн., доколку имаат потреба од електрична енергија во тие часови. ЕСМ Продажба не врши продажба на енергија на HUPEX, туку продава во земјата. Сите трошоци понатаму, доколку таа енергија се носи надвор од земјата, ги сноси купувачот, како што се закуп на прекугранични капацитети и други издадоци на берзанското тргување, кои ја покачуваат крајната цена на берзата.