Грчкото знаме кое за време на протестот за заштита на името беше запалено ќе биде веднаш искористено од грчката дипломатија, додека патриотските здруженија вечерва излегоа на протест за одбрана на името на државата и идентитетот на нацијата, велат дека некој сака да фрли црна дамка на вечерашниот собир.
Фотографијата од палењето на грчкото знаме од маскирани демонстранти која ја објави агенцијата Мафакс утре ќе биде на маса кај сите грчки амбасадори во Атина.
И покрај тоа што организаторите на протестот од учесниците побараа да не скандираат навреди и да не користат говор на омраза, дел од нив не го почитуваа ова барање и со тоа нанесоа дополнителна штета за Македонија.
Во налогот кој што вечерва, според дипломатски извори во Атина, го дало грчкото министерство за надворешни работи до дипломатските претставништва се вели дека “светот мора да биде информиран за омразата во ФИРОМ” што амбасадорите на Грција треба да го прикажат како уште една потврда за македонскиот иредентизам.
Вечерва грчкото МНР треба да одлучи дали ќе упати и протестна нота до Македонија како што тоа го стори земјава по палењето на македонското знаме на протестите во Солун.
Од протестите во Скопје се оградија и власта и опозицијата иако на нив присуствуваа и нивни членови.
Дел од организаторите вчерва прокоментира дека се работи за лица кои имаат за цел да фрлат црна дамка врз протестот. Според нив, некому не му одговара што вечерва се собраа над 10.000 Македонци, кои и покрај лошите временски услови, излегоа да го кажат своето НЕ за продажбата на уставното име.