Реакции од Турција и Грција за настаните во Македонија

Грчкото министерство за надворешни работи изрази загриженоста дека Македонија може да „западне во длабока политичка криза“, а Турција соопшти дека ќе продолжи да ја поддржува Македонија и се надева дека „разликите во мислењето“ наскоро ќе бидат решени низ дијалог и толеранција, чијшто претседател порача дека „насилството не е решение“.

Ноќта кон петокот министверството за надворешни работи објави соопштение во коешто изразива „жал и загриженсот“ поради немирите во Собранието и ги повика македонските политички ривало да покажат „дух на компромис и соработка“, пренесе агенцијата Associated Press.

Без тоа, предупредува грчката дипломатија, би можело да дојде до „експлозивна ситуација“.

И Турција во петокот изрази „длабока загриженост“ поради насилствата во македонскиот парламенти повика новата влада да биде формирана во согласност со деморкатските принципи.

„Македонија има клучно значење за воспоставување на трајниот мир на Балканот“, изјави кабинетот на турскиот претседател. Турција ќе продолжи да ја поддржува Македонија се надева дека „разликите во мислењата наскоро ќе бидат решени биз дијалог и толеранција“.

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган подоцна ги опиша како „алармантни“ настаните во Македонија, додавајќи дека насилството не може да биде излез од никаков проблем, пренесе приватната телевизија NTV

„Посакуваме пријателска и братска Македонија што поскоро да постигне мир и стабилност“, изјавил Ердоган при неговиот говор во петокот во Истанбул.