Реал без голови со Атлетик Билбао

Фудбалерите на Реал Мадрид ја испуштија можноста бодовно да се израмнат со Барселона на врвот на табелата, откако „Кралскиот клуб“ на својот „Сантијаго Бернабеу“ во рамките од 18-то коло на шпанското првенство одиграа само 0:0 со Атлетик Билбао.

Во Мадрид гледачите проследија многу скромна фудбалска претстава, во која домашните имаа шанси но не го совладаа гостинскиот голман Унаи Симон. Најблиску до погодок Реал беше во 59 минута, кога Начи ја погоди стативата.

Со ова реми Реал Мадрид празничната пауза ќе ја дочека на второто место со 37 бодови, два помалку од водечката Барселона. Атлетик Билбао сега е осму со 28 бодови.

Во претходно одиграниот меч Атлетико Мадрид славеше на гости кај Бетис со 2:1. Атлетикот до победата дојде со головите на Ангел Кореа во 58 и Алваро Мората во 83 минута, додека во судиското продолженија Марк Батра постигна гол за Бетис.

Атлетико сега е четврти со 32 бода, а Бетис е 13-ти со 23 бодови.

Реал Сосеидад славеше со 4:3 против Осасуна во Памплона. Аридане во 44, Авиља во 48 и 84 беа стрелци за домашните, а Микел Ојарзабал во 15, Порту во 18, Одегард во 28 и Исак во 79 за гостите.

Реал Сосиедад е петти со 31 бод, а Осасуна е 12-ти со 23 бодови.

Леванте ја победи Селта со 3:1. Селта водеше од 12 минута со голот на Аспас, но Леванте во второто полувреме направи голем пресврт и дојде до бодовите со головите на Рожер Марти во 60 и 70, и Борха Мајорал во 90 минута.

Леванте е деветти со 26 бодови, а Селта е во опасната зона , 18-та е со 14 бодови.

Леганес во дербито на дното со головте на Брејтвајт во 11 не Несири во 54 минута забележа домашна победа над Еспањол. Леганес и натаму е претпоследен 19-ти но сега со 13 бодови, два помалку од безбедната зона, додека Еспањол е последен со 10 бодови.