Реал Мадрид успеа да спаси бод во последниот натпревар од 25-то коло од шпанското првенство против Реал Сосиедад со кој во понеделникот на свој терен одигра 1:1.
Иако играчите на Зинедин Зидан доинираа во првото полувреме, Реал Сосиедад поведе во 55 минута со погодокот на Кристијано Порту. Израмнувањето и бод за „Кралскиот клуб“ го донесе Винисиус Жуниор во 89 минута.
Благодарејќи на овој бод Реал Мадрид бодовно се израмни со Барселона на второто место со по 53 бодови, и имаат пет бодови помалку од водечкиот Атлетико со кој се среќаваат во недела. Реал Сосиедад со 42 бодови е на петтото место кое води во Лига Европа.