Шест погодоци и тоа по три во двете мрежи, беа постигнати на премиерниот натпревар од 28. коло во шпанската Примера дивизион, дуелот помеѓу екипите на Гетафе и Гранада.
Одличниот тим на Малага најверојатно ќе се покаже како најнова жртва на актуелниот лидер на табелата, екипата на Реал (М).
Предводникот на „кралскиот клуб”, Карло Анчелоти ги потцети своите фудбалери дека следната недела се игра можеби најважниот натпревар во актуелната сезона, дуелот помеѓу директниот ривал за шампионската титула, тимот на Барселона и дека е потребно истиот да се започне во една победничка атмосфера.
“Сакам во победничка атмосфера, сака со победа од претходниот натпревар да го стартуваме дуелот против Барселона. Никој не смее да мисли на тој дуел, сите мора да бидат сконцентрирани прво на натпреварот против Малага, а потоа и на тој од Лигата на шампиони. За нас, секој натпревар во Примера дивизион е како финале. Свесни сме дека ако ги добиеме сите натпревари ќе ја освоиме и шампионската титула”, изјави трофејниот италијански стручњак.
Денеска на програмата: Леванте – Селта, Р.Валјекано – Алмерија, Малага – Реал М., Атлетико М. – Еспањол.