Реал (М) се откажа од Ди Мариа и Чаби Алонсо

Близок извор до таборот на шпанскиот гигант Реал (М), потврди дека на последниот состанок, клупските челници донеле одлука дека мораат под итно да најдат купец за аргентинскиот интернационалец Анхел ди Мариа и за одличниот играч за врска, Чаби Алонсо.

Ди Мариа ќе биде продаден поради последните изјави кои ги даде за шпанските медиуми дека единствената причина поради која седи на клупата за резерви и најскапата аквизиција на “кралскиот клуб”, Герет Бејл кој е купен за 100 мил. евра и дека мора да игра на секој натпревар.

Аргентинскиот интернационалец е проценет на 25 мил. евра, а интерес за неговите услуги покажаа сопствениците на француските прволигаши, Монако и ПСЖ, како и челниците на англиските премиерлигаши Манчестер Јунајтед и Арсенал.

Репрезентативецот на Шпанија има договор до крајот на актуелната сезона, а пред неколку дена ја одби и последната понуда за продолжување на соработката.Алонсо може да си замине од “Сантијаго Бернабеу” на крајот од актуелната сезона како слободен фудбалер и поради таа причина, искусниот играч за врска ќе биде продаден за време на зимскиот преоден рок.