Фудбалскиот клуб Рерал Мадрид е богат и може да си дозволи вносни понуди за најдобрите светски асови.
Желба на европскиот владетел е фудбалерот кој е меѓу најквалилтетните во редовите на англискиот шампион, Манчестер Сити, Јаја Туре.
Предводникот на мадриѓаните, тренерот Анчелоти е подготвен заработеното од Ди Марија да го вложи за доведување на Туре, со што „Граѓаните“ би можеле да бидат побогати за 75 милиони евра.
Италијанецот располага и со одличниот Тони Крос, како и да е, целта му е квалитетен среден ред.
Ако се договорат, искусниот Туре ќе биде четвртиот фудбалер на „Сантијаго Бернабе“, кој вреди над 75 милиони евра, заедно со Роналдо, Герет Бејл, како и со Џејмс (Хамес) Родригез.
Туре беше со желба да се пресели од „Итихад“ поради заборавена роденденска честитка од Сити.
Шпанскиот фудбалски состав е заинтересиран и за капитенот на Борусија Дортмунд, Матс Хумелс.