Шпанскиот фудбалски гигант Реал Мадрид немаше најдобра недела, откако им беше потребен гол во 92. минута да се спасат од пораз од Елче кој заврши 2:2 на „Сантијаго Бернабеу“, а уште полошо, нивниот најдобар стрелец оваа сезона, Карим Бензема мораше да биде повлечен од игра поради повреда.
Реал Мадрид сега има само четири поени предност пред второпласираната Севилја, а доколку повредата на Бензема се покаже посериозна, имаат големи проблеми на три недели пред мега-дуелот со Пари Сен-Жермен во Лигата на шампионите.
Бензема, кој оваа сезона постигна толку многу голови, прво во 33. минута од мечот не успеа да реализира пенал, по што во финишот на полувремето, во 42. минута Лукас Боје ги донесе Елче во неочекувано водство.
Бензема во 58. минута од мечот мораше да биде заменет со Лука Јовиќ, откако се пожали со повреда на бутниот мускул, а во 76. минута, Пере Милја го удвои водството на Елче.
Обидот на Реал да се вратат резултираше со уште еден пенал, овојпат во 82. минута, и Лука Модриќ овојпат не згреши, пред Едер Милитао во 92. минута да спаси поен за тимот на Карло Анчелоти.