
Реал Сосиедад се искачи на второто место на табелата на шпанското фудбалско првенство откако во неделата во средбата од седмото коло, додека Барселона со победата на својот „Ноу Камп“ ја впиша првата победа во последните четири натпревари.
Реал Сосиедад дури во финишот во 81 минута преку Микел Ојаразабел успеа да го скрши отпорот на Елче. Со оваа победа Реал Сосиедад дојде до 16 бодови, само бод помалку од водечкиот Реал Мадрид, а два бода пре третопласираната Севилја но која има меч помалку. Актуелниот шампион Атлетико Мадрид моментално е четврти со 14 бодови. Елче, пак, е 15-ти со шест бодови.
Барселона претходно во неделата со 3:0 го победи Леванте. Барса веќе по 14 минути водеше со 2:0 со головите на Мепфис Деапи во 7 минута од пенал и Лук де Јонг во 14 минута, а потоа во продолжението на мечот демонстрираше инсиративна игра и пропушти седум/осум стопреоцентни шанси. Во самата завршница штотуку влезениот во игра по долагата пауза по повредата младиот Ансу Фати погоди за 3:0. Гостите дури во 81 минута го имаа првиот удар кон голот на Барселона, која изминатот меч на Кадис не му дозволи удар на голот.
Ова беше првата победа на Барса по убедливиот пораз од Баерн Минхен од 0:3 во Лигата на шампионите и првенстевените ремија против Гранада и Кадиз. Барселона сега е шеста со 12 бодови, а Леванте е 17-то со четири бодови.
Осасуна на гостувањето ја победи Мајорка со 3:2. Гостите повеода, Мајорка направи пресврт со два погодока, но Осасуна со нови два погодока стаса до победата. Стрелци за домашните беа Дани Родриге во 11 и Фер Нињо во четвртата минута од судиското продолжение на првото полувреме, а за гостите погодија Хозе Анхел во 9, Ињиго Перез во 58 и Чави Мартинез во 88 минута.
Осасуна се искачи на деветтото место со 11 бодови, а Мајорка остана на осум бодови со кои е на 12-то место.
Рајо Ваљекано со 3:1 беше на домашен терен го победи Кадиз. За домашните головите ги постигнаа Алваро Гарсија Ривера во 9, Радамел Фалкао во 44 и Иси Палазон во 87 минута, а стрелец за гостите беше во 23 минута Вараздат Харојан
Рајо Ваљекано се искачи на петтото место со 13 бодови, а Кадиз е 14-ти со шест бодови.
Во последниот дуел од неделната програма Реал Бетис со головите на Вилијам Хозе во 14 и 55 минута дома го победи Хетафе. Бетис е седми на табелата со 12 бодови, а Хетафе остана последен 20-ти без бодови односно сите седум порази.
Колото во понеделник го заокружува натпреварот Селта Виго – Гранада.