Реал Сосиедад победник во Купот на кралот за 2020-та

Фудабалерите на Реал Сосиедад од Сан Себастијан се победници на шпанскиот национален куп за сезоната 2019/2020 откако во финалето одиграно речиси една година по неговиот првичен термин во Севилја го совладаа големиот баскиски ривал Атлетик Билбао со 1:0.

Единствениот погодок на мечот го постигна Миле Ојарзабал од пенал во 63 минута. Претходно поранешниот играч на Сосиедад, Иниго Мартинез невнимателно стартувапше во својот шеснаесетника над Порут. Главниот арбитар Естрада прво на Мартинез поради фаулот му покажа црвен картон, но по прегледувањето на снимката ја коригираше својата одлука и на стоперот на Атлетик му покажа само жолт картон.

Иако до крајот на мечот остана речиси половина час, Атлетик не успеа да упати ниту еден удар во рамките на противничкиот гол, а не пак да создаде шанса за израмнување.

За Реал Сосиедад ова е третата тикутл во купот, по првата дури во далечната 1909 и претходната во 1987 година, кога клубот го освои својот последен трофеј воопшто до денешниот.

Атлетик остана на 23 победи во Купот, но последниот пат победил во ова натпреварување уште во 1984 година, а ова му е петти последователен пораз во финалниот дуел, а четврти во последните 12 години, во 2008, 2012 и 2015 беше поразуван од Барселона.

Куриозотет претставува фактот што Атлетик Билбао за две седмици повторно ќе игра во Купот на кралот, и повторно во Севилја, но овојпат за сезоната 2020/2021, а ривал во ова финале ќе му биде Барселона.