Реал Мадрид во последниот саботен натпревар од 20-то коло на шпанското фудбалски првентво оствари рутинска убедлива победа од 4:1 на гостувањето кај Алавес.
Победникот практично беше решен по првите 45 минути кога „Кралевите“ веќе имаа водство од 3:0, кои ги постигнаа Каземиро во 15, Карим Бензема во 45 и Еден Азар во првата минута од судиското продолжение на првото полувреме. Хозелу во 59 минута успеа да намали на 1:3 а Бензема со својот втор погодок на мечот во 70 минтуа го постави конечниот резултт.
Второпласираниот Реал Мадрид сега има 40 бодови, четири помалку со два натпревара повеќе од водечкиот градски ривал Атлетико. Алавес, пак, остана засега на 17-то место со 18 бодови од 20 натпревари, но следните Елче и Осасуна имаат бод односно два помалку, а имаат и два односно еден меч помалку.
Претходно во саботта Севилја на свој терен го совлада Кадиз со 3:0, а сите три погодока за домашните ги постигна Јусеф ен-Несри, во 35, 29 и 62 минута.
Севилја така сега е на третото место со 36 бодови од 19 натпревари, два повеќе од Барселона која има одиграно 18 меча. Кадиз момнтално е 9-ти со 24 бодови.
Хуеска и Вилјареал одиграа без голови. Хуеска сега со 13 бодови и натаму е последна 20-та, а Вилјареал е петти со 34 бодови.
Реал Сосиедад на домашен терен иако имаше предност од два гола во самиот финиш ја испушти победата против Реал Бетис, па мечот заврши со резултат 2:2. Домашните до предноста од 2:0 дојдоа на почетокот од вториот дел со головите на Алескадер Исак во 48 и Мекел Ојазарабал во 57 минута, но за гостите прво намали Сергио Каналес во 85 а израмнувањето го донесе Хоакин во втората минута од судиското продолжување.
Реал Сосиедад остана шесто на табелата со 31 бод, а Реал Бетис е две места подолу со 28 бодови. И двете екипи го имаат одиграно сите 20 натпревари.
Во недела на програмата се дуелите: Осасуна – Гранада, Елче – Барселона, Селта – Еибар, Атлетко Мадрид – Валенсија, а во понеделник играат Атлетик Билбао – Хетафе.