Мадридски Реал во последниот натпревар од 21-то коло од шпанското фудбалско првенство во средата вечерта лесно и убедливо на домашен терен со 4:0 го совлада Елче.
Победата на „Кралевите“ веќе во 8 минута ја навести Марко Асенсио, а сите дилеми ги разреши пред крајот на првото полувреме двата погодока на Карим Бензема од пенал во 31 и во првата минута од судиското продолжение. Лука Модриќ, кој во игра влезе во 68 минута, со одличен удар од 16 мери во 80 минута го погоди горниот десен агол од гостинскиот гол, поставувајќи ги конечните 4:0.
Второпласираниот Реал со оваа победа го намали заостанувањето зад водечката Барселона на осум бодови, односно има 48 бодови, додека Каталонците имаат 56. Елче, пак, и натаму е на дното со само една победа сезонава и 9 бодови, десет помалку од зоната на опстанок.