Марко Асенсио беше стрелец на израмнувачкиот погодок за 2:2 во дуелот меѓу неговиот Реал и Арсенал во предградие на американската престолнина Вашингтон, но шест минути подоцна беше изнесен на носилки од теренот, поради потешка повреда.
Како што објави во средата медицинскиот тим на мадридски Реал, кај Асенсио е дијагностицирана руптура на предниот вкрстен лигамент и менискусот, и се претпоставува дека од терените ќе отсуствува со месеци.
„Играчот ќе биде опериран во следните неколку дена“, објавија од Реал.
Повредата на Марко Асенсио го доведува во прашање договорот меѓу Реал и Арсенла за позајмувасето на Дани Себалос, кој веќе пристигна во Лондон на лекарските прегледи, но „Топчиите“ се надеваат дека 22-годишниот шпански репрезентативец, сепак, ќе ги засили.