Фудбалерите на „Реал“ Мадрид загубија против „Алавес“ со 1:0 во осмото коло на Примера и продолжија со лошите резултати. Европските шампиони примија гол во петтата минута од судиското продолжение кога Ману Гарсија со глава им донесе победа на домаќините. Со триумфот „Алавес“ се искачи на третото место на табелата со 14 бода колку што имаат „Барселона“ и „Реал“.
„Реал“ е во евидентна криза бидејќи во последните четири натпревари имаат три порази и едно реми, а што е уште потрагично немаат постигнато гол. Откако славеа против „Еспањол“, мадриѓаните одиграа 0:0 со „Атлетико“, загубија од Севиља 3:0, а беа поразени и во Лигата на шампиони од ЦСКА во Москва со 1:0.