Ребиќ во Наполи, а Елмас во Милан!?

Италијанските медиуми почнаа со шпекулации за летниот преоден рок, а се зборува и за иднината на македонскиот репрезентативец Елиф Елмас кој игра одлично во екипата на Наполи.

Елмас е еден од најважните фудбалери на Наполи оваа сезона, додека раководството на Милан не е задоволно од Анте Ребиќ и сака да го замени токму со македонскиот фудбалер.

Милан има три опции како замена за Ребиќ, кој ќе биде продаден во Наполи за сума од 15 до 25 милиони евра, додека потоа средствата ќе се пренаменат за ангажирање на замена, а освен Елмас на листата со желби на лидерот во Серија А се Траоре од Сасуоло и Бајрами од Емполи.