Состојки:
- 250 мл маслиново масло
- 1 изрендан морков
- 5 зелени ореви
Подготовка:
Секој орев исечете го на четири дела и ставете ги во тегла. Додадете и изрендан морков, па сето тоа прелејте го со маслиново масло, а по желба можете да додадете и некое ароматично расение, како што се лаванда или невен. Добро затворете и оставете да отсои 40 дена на сонце.
По 40 дена маслото преточете го во шише што можете да го носите со вас и да го користите секој пат кога ќе излегувае на сонце. Со оглед на тоа што морковот содржи многу каротен, а познато е дека оревот е еден од најдобрите сојузници во потемнувањето, со помош на ова масло брзо ќе добиете боја, но несмеете да се залажувае затоа што ова масло нема заштиен фактор.
Со други зборови, ова масло може да ви помогне до пладне, кога сонцето е благо да добиете боја како да сте се сончале цел ден, а притоа ќе ја зачувате кожата.