Речиси 100 починати од коронавирус во светот за последното деноноќие

Во текот на изминатите 24 часа ширум светот се регистрирани 2.873 нови случаи на инфекција со новиот сој коронавирус Covid-19, од кои 99 лица починале, соопшти во петокот вечерта Светката здравствена организација (СЗО – WHO).

Според ажурираните податоци на организацијата, вкупниот број заразени со коронавирусот во свето се прибли до прагот од 100 илјади, и изнесува 98.192 од кои 80.711 се пријавени во Кина.

Но претходно во петокот изданието South China Morning Post извести дека бројот на случаите на инфекции со коронавирусот во петокот веќе надминал 100 илјади.

Според соопштението на СЗО, вкупниот смртни случаи во Кина достигнало 3.045 лица, од кои 30 во последното деноноќие. Надвор од континентална Кина вкупно се пријавени 335 смртни случаи, од кои 69 во последните 24 часа.

Само во Италија во изминатите 24 часа починаа 49 лица од новиот коронавирус. Во таа држава досега се регистрирани вкупно 197 жртви од тој вирус, соопшти во петокот вечерта италијанската Цивилна заштита.

Италија, по Кина, е најпогодена држава по број на смртни случаи од вирусната пневмонија и четврта по број на заразени по Кина, Јужна Кореја и Иран.