– Во Либија има милион потенцијални мигранти, изјави генерал Паоло Сера, воен советник на пратеникот на ОН за Либија, Мартин Коблер.
Слични изјави даде и претседателот на ЕС, Доналд Туск во говор пред парламентот во Стразбур.
– Бројот на потенцијални мигранти загрижува. Тоа значи дека треба да бидеме подготвени да покажеме солидарност со Малта и Италија ако тие побараат, изјави Туск.
Генералот Сера вели дека мора на Либија да и се додели економска помош за да се намали ризикот од масовно напуштање на државата. Според него, намалено е производството на нафта од 1,8 милиони барели дневно на едвај 300 илјади и оти без влада во Либија речиси е невозможно да се обезбеди почитување на законите и човековите права како и контрола на границите.