Граѓанската иницијатива „Будење“ денеска почна да собира потписи за распишување референдум во Битола, на кој граѓаните ќе се изјаснат во врска со Националната стратегија и Акцискиот план за интеграција на странци и бегалци.
Христо Грујоски од иницијативата вели дека остро и одлучно реагираат против т.н. нацрт-стратегија за интеграција на бегалци и странци на Владата.