Референдум за името ќе се договори следната недела во Њујорк

Премиерот Зоран Заев очекува до крајот на следната недела да се комплетираат документите околу предлогот Македонија да се преименува во Република Илинденска Македонија. Тој вчера, по лидерската средба, најави средба со медијаторот на Обединетите нации, Метју Нимиц во Њујорк.

Следува идната седница средба, секако доколку и двете страни се согласуваат да продолжи ваквата средба со Нимиц во Њујорк каде што ќе се драфтираат на хартија овие постулати за кои денеска зборуваме, ќе се утврди договор, ќе се утврди времена рамка во која што е и референдумот, секако и информацијата за покана од НАТО, сите детали кои што се внатре но секако и меѓународно правните аспекти за одлуките во ОН. Тие се документи коишто ги очекуваме до крајот на идната седмица, рече премиерот Заев одговарајќи на новинарско прашање за датумот на референдумот.

Новата средба за името во Њујорк со медијаторот Метју Нимиц ќе се одржи во четврток и петок. Како што информира Министерството за надворешни работи, министерот Никола Димитров на 24 и 25 мај (четврток и петок) во Њујорк, ќе се сретне со грчкиот колега Никос Коѕијас, во присуство на личниот пратеник на Генералниот секретар на Обединетите нации, Метју Нимиц.