Лидерот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села во интервју за ТВ „Алсат-М“ рече дека референдумот за Договорот од Преспа со кој се предвидува промена на името е непотребен оти може само да ги искомпликува работите и да ги продлабочи поделбите во општеството.
Не само што е непотребен, уште повеќе што Договорот со Грција не го предвидува референдумот, туку ако одлучи Македонија да одржи референдум. Алијансата за Албанците е за тоа Македонија да стане дел од цивилизацијата, НАТО и ЕУ, и нејзините ставови ќе ги каже во моментот кога ќе го одржи Централното собрание за ова прашање и ќе се произнесе, рече Села.
Според него,треба да се направи дистинкција меѓу ставот на партијата во Собранието за потребата да се оди на референдум во врска со отворените прашања.
Гласавме воздржано, бидејќи сметавме дека е непотребно да се одржи референдум. И самиот факт дека прашањето е консултативно покажува дека бевме во право за ова прашање. Каков и да е резултатот на референдумот повторно тука се пратениците и парламентот да одлучат во врска со Договорот со Грција. Двапати е гласано и е ратификуван договорот, како и за уставните измени, пратениците треба да преземат одговорност и да гласаат, изјави Села.
Тој смета дека Уставот треба да одразува рамноправност, а уставните измени треба да бидат искористени за Албанците во највисокиот правен акт на државата да станат рамноправни со Македонците.