Референдумска психопатологија

Имам некакво чувство дека изминативе години толку многу се навикнавме на на состојба на тензија, притисок, на состојба на умот да верува дека се наоѓа во пред апокалиптична состојба, омраза, хејтање, прозивки, повици на егзекуции …. и толку многу се навикнавме, да наместо да тежнееме да се ослободиме од притисокот, едноставно како да уживаме во псхилошко натегната егзистетнција.

Мислам дека одaмна сите ние донесовме конечна одлука за фереферендумското изјаснување какво ќе ни биде. Никој не е рамнодушен и секој има конечен став. Тоа е добро, општеството се мобилизирало по оова прашање и ќе реагира како што ќе реагира, некој ќе љупи пиперки, некој ќе мачка од купечки тегли, сеедно, но секој ќе постапи онака како мисли дека треба.

И се е ова добро, но што ќе биде после тоа? Што посеавме? Добрина? Хармонија меѓу народот? Што по референдумското изјаснување?

Концентрациони логори во кои ќе бидат сместени припадниците на струјата која изгубила (ако воопшто некој добива или губи)
Ќе си го задржам правото НИКОМУ да не верувам и сите оние кои периодов почувствуваа дека народот е високо фокусиран и се обидуваат нивните бедни политички кариери да ги воскреснат урлаајќи со флоскули ЗА и ПРОТИВ – тенкју енд факју еврибади, стварно сте лешинари кои се храните од стравот и напнатоста која ја сеете меѓу народот затоа што мислите дека така ќе профитирате, дека ќе добиете толку голема поддршка и ќе станете политички фактор.

Секако, да ги врзеш на “ломача” и да ги камшикуваш ќе се колнат дека сево ова го прават за нaродот и земјата, а во суштина е само личен бенефит. Не дека нема луѓе кои ама најискрено и без никаква помисла за било што друго освен искрена посветеност да направат добро, но попрво ќе најдете таков во комшии одошто во позвучните имиња во политиката. На прсти можат да се избројат тие неколкумина кои не размислуваат за себе.

Но, не можам да најдам ниту еден загрижен и ниту еден за она што се посеа меѓу нас – омраза. Таа не само што нема да исчезне туку после било каков резултат само ќе се продлабочи. Затоа што не сееме љубов и разбирачка, туку ГМО омраза.

И што потоа? Повторно ќе мериме кој е подобен и кој не е, кој со кого застанал и правел мубает и така ќе прогласуваме дали некој вреди?

Социјалните мрежи станаа место каде негативните емоции и личните фрустрации се мултиплицираат правопропорционално со сопствената интелектуална импотенција. Но сум благодарен, лично за себе за овој период на просветлување, затоа што за мене лично маските не само што не паднаа туку ликовите ставаат и по 3-4 одеднаш и тоа ми е појасно одошто било кога.

Се фрлаат пари за кампањи од двете страни и тие средства така вулграно и напразно се злоупотребуваат просто дното не може да се здогледа, особено по масовните прозивки по ќенефлиите џивџанско суратотефтеровски (барем инстаграм остана за плакење очи) и со лајкови се оди во прелест дека колку повикот ти соджри колична на омраза спрема некоја личност – толку си поппуларен.

Не најдов на ниенда колумна и изјава која е обединувачка, која повикува на подобrа ситуација во општеството, земјата, лик коj сеe омраза во име на патритизам или европска иднина се мултиприцира како Смит во Матрикс. Искрено верувам дека повеќето имаат добра мисла дека со својата одлука прави добро на земјата и народот, но постапките и фрустрациите ви се под човечко ниво и драго ми е што не учествувам во тоа. Реков, секој одмна донесе одлука и што и да напише било кој нема ништо да смени.

Зошто тогаш таква пизма?

Знаете, ако се фолирате или искрено мислите дека правите нешто добро барем направите некаков гест кој ќе покаже понизност, покорност и искрена желба за помирување, како што ние верниците тоа го правиме секоја недела на литургија пред да ги приминме Телото и Крвта Христови, баре еден мал позине гест, од вас политичари … нема? Јас во мојата кариера која е побајаги долга, ретко сум налетал политичар да се извини, многу ретко, но да падне на колена, никогаш …

Чекај, сепак еден го направи тоа!!!

Автор: Јанко Илковски за НетПрес