Во текот на изминатото деноноќие на територијата на целата држава по однос на мерката за носење лична заштита на лице регистрирани се 423 прекршоци, соопшти МВР.
Министерството за внатрешни работи истовремено апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со ковид -19.