Регистрирани 672 лица без заштитна маска на лицето

Во текот на изминатото деноноќие по однос на мерката за неносење лична заштита на лице регистрирани се 672 прекршоци. Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со КОВИД -19.

Апелираме до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со ковид-19“, велат од МВР.

Казните кои се предвидени за граѓаните за неносење маска изнесуваат 20 евра.

„За непочитување на Уредбата за носење заштитна опрема, од 30 април предвидени се казни и тоа: во висина од 20 евра во денарска противвредност за физичките лица, а за компаниите каде што не се почитуваат мерките за носење заштитна опрема за вработените и посетителите предвидена е казна од 2 000 евра во денарска противвредност“, пишува во Уредбата донесена од Владата.