![policija park maski](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2020/06/policija-park-maski.jpg?resize=597%2C345&ssl=1)
Во текот на изминатото деноноќие (21/22.06.2020 година) на територијата на Република Македонија на 566 лица им се издадени решенија за изолација, а 178 лица потпишале изјави за самоизолација.
Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, а две лица не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација.
-Од стапување на сила на уредбата за непочитување на решенијата за изолација и самоизолација од 12.06.2020 до денеска 22.06.2020 година во државен карантин на сопствен трошок спроведени се вкупно 13 лица меѓу кои и еден полициски службеник, а против лицата ќе бидат поднесени и кривични пријави по член 206 од Кривичниот законик на РСМ, информираат од МВР.
Исто така по однос на мерката за неносење лична заштита на лице регистрирани се 707 прекршоци.