Според соопштението издадено од дирекцијата на РЕК „Ослормеј” кај Кичево, се информираат граѓаните дека во координација со Електрани на С. Македонија и Владата на нашата земјата, од сабота ќе почне вклучувањето на термоцентралата „Осломеј“.
Од РЕК „Осломеј“ наведоа дека процесот ќе трае до 21 јуни. За време на започнувањето на работниот процес потребно е да се запали јаглен и да се загрее котелот се додека не се постигне соодветната температура со мазутот, во овој случај чадот што ќе излегува од оџакот ќе биде густ и црн. Доколку се одвива процесот како што треба, од полноќ во сабота ќе се активира турбината на електраната.
– Истовремено им гарантираме на граѓаните дека ќе бидат елиминирани сите штетни честички што ќе излезат со самото активирањето на електронските филтри и чадот во оџакот што станува црн, но нема да биде штетен по нивното здравје .Затоа апелираме до населението да не подлегне на разни дезинформации што обично се шират на социјалните мрежи, се вели во соопштението на дирекцијата на РЕК ” Осломеј” во Кичево.