Река: Очекувам фер избори за почеток на преговорите со ЕУ

Кандидатот за претседател, Блерим Река очекува фер избори за земјава да ги почне преговорите со ЕУ.

„Се надевам дека граѓаните ќе го искористат своето уставно право и денеска ќе гласаат за претседател. Со убавото време јас мислам дека и расположението кај граѓаните е такво, и се надевам дека ќе докажеме дека сме држава која е спремна да ги почне преговорите со ЕУ и ќе докажеме дека имаме политички капацитет државата да ја водиме кон евроаталантските интеграции“ рече Река.