„Согласно временската прогноза особено спрема тоа какви врнежи и во кои подрачја се очекуваат да наврнат во деновите кои следат, произлегува како најранливи подрачја во поглед на излевања на поедини водотеци се подрачјата на сливот на р. Струмица и р. Брегалница,“ известуваат од Управата за хидро-метеоролошки работи.
Во изминатиот период во овие подрачја се забележани најголеми количини на врнежи. Подземните води во овие области се високи кои брзо реагираат и поплавуваат во интеракција со површинските.Врнежите кои се предвидува да бидат поинтензивни токму во овие подрчја.
Потенцијално ранливи се и Полошкиот регион, горниот тек на река Треска, средниот и долниот тек на р.Црна, Кавадаречко, Гевгелиско, Кумановските реки и Охридско-Преспански регион.