Реконструкција на Владата во Хонг Конг

Лидерката на Хонг Конг, Кери Лам денеска именува пет нови министри, истакнувајќи дека реконструкцијата на Владата е со цел да заживее економијата погодена од пандемијата со Ковид-19.

Именувани се нови министри за внатрешни работи, за цивилна управа, за иновации и технологија, како и министер за односи со Кина.

Реконструкцијата е одобрена од централната кинеска Влада во Пекинг.

– Почнав да правам стратегија за заживување на Хонг Конг по пандемијата. Главна цел на реконструкцијате е да се помогне Хонг Конг да излезе од оваа тешка ситуација што е можно побрзо, наведе Лам.