Се реконструира и асфалтира улицата „Крсте Мисирков” во Кавадарци, информираат од Кабинетот на кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев.
Изведувач на работите е фирмата „Градба промет”. Од градоначалничкиот кабинет исто така сопштуваат дека по долго време, вчера конечно била исчистена, а со тоа и проширена улицата „Клинска”.
Оттаму не дадоа повеќе детали околу овие најнови активности од инфраструктурните проекти кои се реализираат во општината.