Општина Бутел изминативе денови интензивно работи на темелна реконструкција на шест улици во Радишани: 18,50,42,60,7 и Бел камен со вкупна должина од 1.530 метри.
Од општината информираат дека целосно е завршена улицата ,,18,, во должина од 180 метри со широчина од 3,5 м.
Темелната реконструкција на шесте улици ќе чини 10 500 000 денари, а средствата се обезбедени од буџетот на општина Бутел.