
Граѓаните со години наназад очекуваат да се разрешат проблемите на кои наидуваа и тоа конечно се случи. Улицата е со должина од 250 метри и широчина од 4 метри.
Работите ги изведува „ Ју-бај“ Скопје, а средствата во висина од 1.300.000 денари ги обезбеди општината.
Инаку општината Ѓорче Петров во изминативе 10 месеци во населбата „ Даме Груев има реализирано шест улици и поставена нова канализациска мрежа во должина од 980 метри,а извршена е реконструкција на 200 метри водоводна мрежа.