Рекордна гледаност на митингот на ВМРО-ДПМНЕ на интернет

Над 50.000 луѓе присуствуваа на митингот на владејачката ВМРО-ДПМНЕ во Охрид, што претставува најмасовен митинг на една политичка партија одржан во овој град кога и да е, а заинтересираноста да се проследи истиот беше голема и на интернет, каде само на Јутјуб каналот во живо го следеле над 36.000 лица, објави порталот „Курир“.

Според информациите на „Курир“, преносот во живо од Предизборниот митинг за промоција на претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ Ѓорге Иванов во Охрид, само преку Јутјуб каналот каде директно се пренесуваше го следеле нешто повеќе од 36.000 лица.

Ако се земе во предвид дека видео стримингот се пренесуваше и на други платформи и беше преземен од повеќе интернет телевизии, тогаш бројката е многу поголема.

live-event

Со преносот во живо на Јутјуб канал, ВМРО-ДПМНЕ презентираше нов тип на кампања, отворена за јавноста, по примерот на најмодерните партии од западноевропските земји кои ги користат најсовремените информатички достигнувања.