Рекордна потрошувачка за Божиќ во Лондон, милијарди фунти оставени за еден ден

Продавниците во главната улица во Лондон остварија рекордна заработувачка од три милијарди фунти или 3,5 милијради евра, за време на т.н „боксинг деј“ или ден после Божиќ.

„Ова е најдобриот дел од нашиот одмор во Британија,“ изјавија воодушевено Кинезите од оваа распродажба.

Шопинг улицата Оксфорд ја посетиле 120 илјади луѓе, а најголем број биле туристите од Кина.  Во просек, во една продавница трошеле по 1.400 фунти (пове’е од 1.600 евра), а најмногу купувале скапи чанти и гардероба.

На купувачите најмногу им пречело што последните часови на Божиќ ги поминале смрзнувајќи се во редови.

Шопинг треска владеела и во „Херодс“, каде што клиентите кои чекале во редови ги послужиле со топло чоколадо и сендвичи како и настапи на музичари и магионичари.

Според менаџерите на продавниците Божиќ 2013 е подобар од Божиќ 2012 што се однесува барем до заработувачката.