Рекордна загуба на централната банка на Швајцарија

Швајцарската централна банка (SNB) ја заклучила штотуку завршената 2022 година со загуба од 132 милијарди швајцарски франци, или 133,8 милијарди евра, најголемата во нејзината 115-годишна историја, поради падот на вредноста на портфељите на акциите и обврзниците.

За споредба, пак, во претходната 2021 година SNB остварила добивка од 26 милијарди франци.

Годишната загуба во SNB ја припишуваат на падот на вредноста на портфељите на акциите и на обврзниците, поврзани со падот на цените на пазарите на акциите и на хартиите од вредност во услови на слабеење на пазарот поради  подигнувањето на каматните стапки. Меѓу негативните влијанија го истакнуваат и јакнењето на домашната валута, швајцарскиот франк.

Прелиминарните бројки покажуваат речиси шест пат поголема загуба на годишно ниво во споредба со претходниот рекорд, забележан во 2015 година, кога минусот достигнал 23 милијарди франци. Со тоа, како споредба, благо ја надминал вредноста на бруто домашниот производ (БДП) на Мароко.

Во 2020 година SNB забележала загуба од 131 милијарди франци на позициите во странските валути, кои вклучуваат 800 милијарди франци голем портфељ на акциите и обврзниците купени во текот на долготрајните настојувања на банките да се заузди јакнењето на националната валута.

Минатата година глобалните пазари на акциите ослабеле, а цените на обврзниците паднале бидејќи централните банки на најголемите банки ширум светот, вклучувајќи ја и SNB, ги подигнуваа клучните каматни стапки за да се сузбијат инфлациите на рекордни нивоа во речиси половина век.

Силниот швајцарски франк, кој во јули минатата година порасна над паритетот со еврото, резултирал со загуби поврзани со флуктуациите на валутните курсеви.

Позитивни ставки, пак, биле резервите во злато на SNB чијашто вредност во 2022 година пораснале за 400 милиони франци, покажуваат податоците на швајцарската централна банка.

Во соопштението за јавноста се напоменува дека поради минатогодишната загуба банката нема да уплаќа пари во буџетите на државата и на кантоните. Мината година врз основа на резултатите во претходната година, SNB уплатила шест милијарди  франци.

поред финансиските аналитичари, малку е веројатно дека загубата ќе влијае врз политиките на SNB, којашто лани ги зголеми каматните стапки во три наврата, во настојувањата да ја заузди високата инфлација во Швајцарија.

„Огромните загуби на SNB воопшто нема да ја променат нејзината монетарна политика. Благодарејќи на нејзиното големо реноме, нема да мораат ништо да менуваат“, тврди Карстен Јуниус, економист во швајцарската приватна банка „J.Safra Sarasin“.

Швајцарската централна банка деталните годишни детални деловни резултати ќе ги објави на 6-ти март.