![lotarijarm](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2014/03/lotarijarm.jpg?resize=323%2C156&ssl=1)
Преставници на Државна лотарија на Македонија имаа убава прилика да се запознаат со добитникот на рекордната премија 7ка вредна фантастични 22.601.966,50 денари. Од таму велат дека станува збор човек кој е дел од многубројно среќно семејство, кој сакаше да остане анонимен.
„ По насмевките на целата семејн а екипа, ние заклучивме дека добивката е во вистински раце, па веруваме дека добиената сум навистина ќе им помогне да си го ппроменат својот живот на подобро“ велат од Лотарија од каде додаваат дека среќниот добитник е долгогодишен лото играч.
Тој секогаш уплаќал бројки по сопствен избор, освен во последнава ситуација која му беше добитна. За прв пат уплатил шест комбинации со квик пик- бројките му ги избрал компјутер. Уплатил шест комбинации по 15 денари со вкупна уплата 90 денари , а токму првата била добитна, додека во останатите комбинации нема ниту една друга добивка. Среќниот добитник своето среќно Новолото ливче го уплатил во продажното место Алберто А во скопски Чаир.
Само за потсетување, оваа рекордна премија, по неполна година, се реализираше во месец март. Според статистиките на Државна лотарија на Македонија ова досега е рекордна вредност на најпосакуваната премија, 7ката е вредна над 365 илјади евра или фантастични 22.601.966,50 денари. Премијата беше извлечена во 18тото коло на Новолото, емитувано на 01.03.14 од 20ч. на Сител