Индиските власти денска соопштија за црн рекорд – 200.739 нови случаи на инфекција со Ковид-19 во изминатите 24 часа, со што дневниот број на нови инфекции за првпат се искачи над 200.000.
Според Министерството за здравство, за 24 часа има нови 1.038 смртни случаи, со што вкупниот број смртни случаи од почетокот на епидемијата во оваа јужноазиска земја достигна 173.123 лица. Вкупниот број заразени во Индија достигна 14,1 милиони, веднаш зад САД, земјата водечка на глобалната црна листа со 31,4 милиони случаи на инфекции со коронавирусот.
Индија имаше помалку од 10.000 нови случаи на ден порано оваа година, но заклучно со 2 април, таа е најпогодена земја во светот според бројот на нови инфекции.
Најтешко е во најбогатата сојузна држава Махараштра, чиј главен град е Мумбаи, каде се регистрирани една четвртина од сите случаи во земјата. Строгите ограничувачки мерки таму стапија на сила во средата.