Рекордно високи температури на Сибир

Во неколку градови во источен Сибир биле регистрирани температури, кои се највисоки во последните 100 години.

Измерени биле температури помеѓу 21 и 24 степени, кои се типични за средината на јуни.

Во Абакан биле измерени 24,6 степени. Тоа бил најтоплиот априлски ден од почетокот на мерењето во 1914 – та година.

Највисоката температура порано во Абакан изнесувала 18,1 степен Целзиусов.

Во последните 35 години, просечната температура во Русија се зголемила за 1,5 степени, а на светско ниво за 0,8 степени.

Во некои делови на Русија затоплувањето било многу поголемо. На Арктикот, во регионите Чухотка и Камчатка, температурите се зголемиле за од 150 до 200 отсто во однос на остатокот од земјата.