Рекордно високи температури во Австралија

Австралија се соочува со рекорно високи температури што надминуваат и над 40 Целзиусови степени, а меторолозите најавуваат дека жешкиот бран ќе продолжи најмалку уште во наредните пет дена.

Според метеорологот Роб Шарп, „најопасен“ ден се очекува да биде петок 25 јануари, кога жешкиот бран ќе го достигне својот максимум, што дополнително ќе ја зголеми опасноста од избувнување нови пожари.

Во моментов ширум Австралија беснеат над 200 пожари.

Само што го проживеавме најтоплиот забележан декември кога и да било досега, во последниот бран жештини ги имавме четирите најтопли денови и најтопли ноќи регистирани досега, изјави Шарп.

Тој нагласува дека в четврток во Аделаид се очекува температура до 44 степени, а во Сиднеј за време на викендот до 43 степени Целзиусови. Најтопло се очекува да биде в петок во Сворн Хил со температура до 46 степени.

Според Шарп, жешкото време ќе трае до Денот на Австралија, национален празник што се одбележува на 26-ти јануари.

По жештините, на Австралија следните денови и се закануваат и други елементарни непогоди – северно од континентот се формира монсун, а западно тропски циклон, додека пак во југозападните делови на земјата се очекува силен ветер со поројни дождови.