
Во Франција минатиот месец е забележан рекорден пораст на побарувачката на граѓаните за ново вработување, како одраз на драстичното влошување на состојбата на пазарот на труд поради карантинот за време на пандемијата на новиот коронавирус, соопшти денеска Владата во Париз.
Според француското Министерство за труд, во март бројот на поднесени барања за вработување од страна на граѓаните, се зголемил за 246.100, што е најголем скок откако овие податоци почнале да се регистрираат во 1996 година.
Барањата на граѓаните за исплата на надомест за невработени се зголемиле 7,1 процент, објави Министерството.