Пратеничката Фросина Ременски по пет часа поминати во Обвинителството за организиран криминал каде вршеше увид во доказите против „Меѓународниот сојуз“ на Боки 13, каде беше почесна претседателка, им избега на новинарските екипи кои чекаа изјава.
„Може да не трчате по мене, мислам, не е културно“ , му рече Ременски на новинарот на А1он., кој сепак успеа да ѝ постави неколку прашања.
Инаку, пратеничката и потпретседателка на Собранието, Фросина Ременски за случајот со работата на невладината „Меѓународен сојуз“ е осомничена дека помагала во извршувањето на кривичните дела „Измама“ и „Перење пари“.
Ременски вели дека не го завршила целосно увидот и дека до сега не нашла докази дека е виновна за кривичното дело за кое што е осомничена. Прашана, зошто се обиде да ги избегне новинарските камери, таа праша, дали новинарите се новинари или вратари во обвинителството за гонење организиран криминал.
Ременски тврди дека класифицираните документи пронајдени во нејзиниот дом содржат докази за сериозен криминал поврзан со шпионажа.