Во првиот натпревар од 32-то коло на шпанското фудбалско првенство, во петокот вечерта Реал Сосиедад и Реал Бетис одиграа без погодоци.
Со овој исход, двете екипи кои се борат за пласман во некој од европските купови следната зезона ги задржаа моменталните позиции на табелата, Бетис е петти со 57 бодови, а Реал Сосиедад е шестти со 55 бодиви.
На врвот на Примера е Реал Мадрид со 72 бода, а го следат Барселона и Севилја со по 60 бодови, со тоа што Каталонците имаат меч помалки. Четвртопласиран е мадридски Атлетико со 57 бодови.
Во сабота на распоред се натпреварите Елче – Мајорка, Алавес – Рајо Валјекано, Валенсија – Осасуна и Хетафе – Вилјареал. Во недела се играат дуелите Гранада – Леванте, Атлетико Мадрид – Еспањол, Атлетик Билбао – Селта Виго и дербито Севилја – Реал Мадрид, а колото во понеделник го затвора Барселона која дома го пречекува Кадиз.